Sunday, February 8, 2015

Make up removal.

Најпрво да ви се извинам што ме немаше долго време, речиси 4 месеци, но од оваа недела се надевам дека ќе има нов пост барем 2-3 пати месечно:)

Како и да е, првиот пост годинава е за отстранување шминка, нешто што јас мислам дека е многу поважно правилно да се прави, отколку користењето на истата.
Многу грешки се прават на почетокот и тоа резултира со проширени пори, мозолки и што уште не.Важно е да најдете нешто што вас ќе ви одговара и ќе знаете дека шминката ви е целосно отстранета.

Се што ви треба се влажни марамици, мицеларна вода, памук за отстранување шминка и памукчиња за очи.

Марамициве ги купив во ДМ, беа во пакет заедно со уште едно пакување, за 100 денари ми се чини.Ги купив пред 2 месеци, сеуште ми траат, а јас влажни марамици трошам како луда.Прилично се големи и како што пишува ги има 80, но единствената маана им е што не се доволно влажно.Кога отстранувам шминка, сакам прво да отстранам колку што може со марамициве, а потоа преминувам на другите производи, токму затоа никако не би препорачала да се користат само влажни марамици, било да се тоа специјални за отстранување шминка.

Мојот омилен дел е дефинитивно мицеларната вода.Буквално откритие за 2014 година ми е и е дефинитивно нешто во што јас се колнам.Ако ме следите подолго веројатно знаете дека ја користев таа на Гарниер и добра е, но оваа на Лореал е совршенство.Откако купив мицеларна вода, нема шанси на лицево да ставам ниту млеко, ниту масло за отстранување шминка!Едно големо да за ова!

За крај памукчињата за очи кои се на Балеа, марка на ДМ.Искрено не очекував нешто премногу од нив, затоа што генерално само од производите за тело на Балеа сум задоволна и ништо друго, но ете им дадов шанса и и те како се изненадив.Овие се со алое вера, а ги има и обично во бело пакување.Ја отстрануваат шминката од очите неверојатно брзо и се доста нежни, дефинитивен погодок.

2 comments:

  1. Одамна сакам да купам мицеларна вода, баш затоа што сите ја фалат :) Ми помогна во одлуката :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
    Replies
    1. epten mi e milo i da znaesh definitivno nema da se pokaesh:)

      Delete