Sunday, May 3, 2015

Janurary/February/March/April Beauty Faves

Мај веќе започна , а веќе долго планирав да напишам еден пост за производите кои најчесто ги користам, па мислев да направам вака на 4 месеци, бидејќи има повеќе време за да се искористат повеќе производи.


Првата палета е на BellaOggi и има 60 различни нијанси сенки, 24 нијанси на кармини, хајлајтер, руж, бронзер и три четки.Што се однесува до сенките, слободно можам да кажам совршенство.Јас се шминкам најчесто со три нијанси, така да ова ми е повеќе од погодено.Пигментацијата и трајноста се повеќе од задоволителни.Кармините да бидам искрена ги немам пробано од проста причина што одамна не користам кармини.Колку тоа и да звучи чудно, веќе 2/3 месеца користам само Baby Lips лабело и било какво моливче за уста.Хајлајтер во прав како ова не користам бидејки ме потсеќа на брашнест изглед под очите, а тоа дефинитивно не го сакам, така да ни за него немам коментар.Ружот е океј, со оглед на тоа дека користам само бронзер,а руж исклучиво навечер, не ми е нешто проверен за да го коментирам многу.Четките како и речиси сите што одат во комплет со нешто друго, не ги употребувам.Втората палета е на Catrice(Absolute Rose).Боиве се прекрасни, би требало да ги има шест, но мене ми се скрши последната нијанса, инаку таа најтемната и најубавата од сите..:( Како дневна варијанта се супер, за навечер дефинитивно ништо посебно..најмногу ги купив поради нијансите и поради тоа што имам добро искуство со сенките на Catrice.Траат и не се ронат.Последната палета е на Deborah(Secret to the Smokey Eyes) со кафеави нијанси.Ги има и во други(розева, зелена, сина и виолетова..?), но мене ми требаа некои убави земјени тонови, чисто за преку ден, бидејќи веќе имам кажано дека за мене шминка не е шминка без сенка, па овие сенки ми се одлични само поради тоа.Нешто што ме изненади е дека доста траат, а пигментацијата како и обично е подпросечно задоволителна. 

Уште овие четири бои кои ги користам исклучиво навечер.Како што се гледа на сликата долу, доста пигментирани, не се ронат, траат.. повеќе од задоволна!


Стигнавме до кремите за лице со кои јас сум дефинитивно опседната во последно време.Првата е на Clinique и е за затварање на проширени пори, нешто со што јас си имам проблем веќе 3 години и би дала се за да го решам проблемот.Главно го користам пред да нанесам било каква пудра на лицето, веднаш после базата.Сега за сега има резултати на образите и малку на носот.Втората е на Alverde, крема против црвенило.Сум кажала повеќе пати дека имам проблеми со црвенило на носот и под очите.Кремава е зелена и да се разбереме ако не ја втриете добро т.е. ако не ја нанесете како што треба нема да има никакво дејство и вие ќе изгледате како марсовец.Но знаете дека црвената и зелената боја се комплементарни, па така оваа крема доста го ублажува, па дури и намалува црвенилото.Лајк за неа.Третава ја купив од Sephora во Солум пред месец дена или повеќе.Знам дека стално читав за неа и мислам дека ви е јасно за што се работи-ги намалува проширените пори.Бојата и е некоја пудереста нежна и ја ставам после таа на Clinique и сега за сега не можам да се жалам.Четвртата е на Garnier, 5seconds Pore Perfector..да биде јасно називот за кремава е многу погрешен..ниту дава оптичка илузија дека немате проширени пори, ниту за пет секунди изгледате совршено добро.. едноставно јас ја користам како база и за тоа ми е совршена.. ми го изедначува тенот и ги прави порите помалку видливи.Петтото е всушност серум на Clinique за подочници.. долго време барав нешто што знаев дека ќе ме утеши и ова е дефинитивно серумот на годината.Последната е на L'oreal, всушност база за пудра и слично.Ја користам пред да ставам било што на мене, измешана со хидратантна крема и сум сигурна дека лицето ќе ми биде повеќе од благодарно за тоа еден ден :)

Ова се пудрите што најчесто ги користев и за кои сум ептен среќна што ги имам.Првата е на L'oreal Mat Magique во нијанса 4.Пудрата е сунѓереста и кога ја нанесувате воопшто не е тешка, што е огромен плус за неа.Не ја користам секој ден, само повремено, но трае долго и изгледа природно, што се однесува до покривноста-ништо посебно.Втората пудра е на Clinique и со сигурност нешто најдобро што го имам ставено на лицево во последно време.Покривноста е супер(пеѓите воопшто не се познаваат), ги прави порите помалку видливи што не е случај со другите пудри, трае цел ден и има СПФ фактор што мислам дека е многу важно.Дефинитивно планирам и специјален пост со рецензија за пудрава.Третата е на Sephora, на самата пудра си пишува дека е мала покривноста и така и е, трае доста добро и нешто што посебно ми се свиѓа е дека не и е потребна камена пудра огозгора за да трае цел ден.Во секој случај совршена за преку ден.

Бронзерот на Lancome е совршенство, па дури и тоа е мал збор за да се опише колку е прекрасен.Светкав е(и се чудев дали воопшто ќе го користам), но изгледа толку природно и ненападно што е дури и неверојатно.Бронзерот на Catrice, пак, е секојдневен и му дава прекрасен природен изглед на лицето, нешто што тешко со кој бронзер се постигнува.Не е портокалов, што е голем плус за него, туку е кафеав-токму таков како што треба да биде.Камената пудра на Catrice е единствената која моментално му одговара на моето лице.Ептен ми е проблематично периодов(имам мрсно лице, но носот ми се лупи, ваљда не е доволно хидратиран), има зелен дел(за црвенило), црвен што искрено не знам за што служи и обичниот.Нијансава е посветла од мојата кожа, но ми одговара.Последното е коректор, не го користам секој ден од проста причина што ми е премногу, но го користам навечер како хајлајтер и за Aura е просто неверојатен.

Aura, пудрата во прав што го матира лицето, секако не е за секој ден, но за навечер е супер.Бела е и на прв поглед делува брашнасто, но кога ќе се научи како треба да се употребува е повеќе од практична.Четката на Aura којашто не знам за што е точно наменета, но јас ја користам за бронзер ми е омиленото откритие за април.Со неа бронзерот се нанесува природно и рамномерно.Плус огромен за неа.

Маскарава на Lancome е најдоброто нешто што можете да им го овозможите на вашите трепки.Јас лично обожавам трепки кои се долги и не изгледаат природно, темни се и густи, со многу волумен, а оваа маскара тоа и го прави на моите.Чуден е обликот на самата четка, но веројатно во тоа е и финтата зошто е толку неверојатна, а за пакувањето не правам ни муабет какво е...



Првото е на Keune, серум за коса.Прекрасен е и вреди за сите пари.Јас го ставам на сува коса, пред пеглање и делува воодушевувачки.Косата не е разлетана, сеуште има волумен и преубаво мириса.Второто е масло за коса на Schwarzkopf го користам на мокра коса, заедно со уште неколку глупости и сега за сега ми е лек за мрсната коса, со суви врвови.

Спреј за поправање на шминка од Aura.Првично не ми се допаѓаше, бидејќи имав чувство дека ми е нешто залепено на лицево, ама после тоа сфатив дека треба да го протресам пред да го употребам и сега го користам секој ден.Не знам што сум правела без него..., и последното е крем за лице за затварање пори на Dior.Ваквите работи тешко кога функционираат, ама за едно чудо ова е едно од најефективните работи кои сум ги пробала до сега..:)