Tuesday, October 28, 2014

Studying tips.

Денешниот пост се однесува на учењето!Многу од вас, правите грешка во тоа како учите.Не може да се научи темелно и знаењето да остане трајно, доколку не сте доволно сконцентрирани на тоа.Јас самата ги правев истите грешки, се до моментот кога не сфатив на кој начин јас најлесно учам.Најдобро е да си најдете некоја просторија во која постојано ќе учите, на пример вашата соба и да учите во исто време.Ако сте одлучиле дека ќе учите во 16:00,а веќе е 16:01 и вие решавате да почнете во 17:00, ќе немате никаков ефект.Треба да учите редовно и колку и да звучи тоа клише, учете редовно!Сум пробала да учам и само пред тест, ама разликата е неверојатна.Да не должам многу, следат неколку примери и совети за тоа како најбрзо, најлесно и најбезболно да добиете добри оценки.

Ова се всушност сите материјали кои ви се потребни за учење, се разбира плус книгата.Зелената тетратка е за 5 предмети и ја обожавам.Знам дека во вторник или среда ќе имам тетратка за сите часови и нема да треба да мислам дали нешто сум заборавила.Супер е за организација и не завзема простор.Приборот е од Џамбо и барав ваков неколку години, буквално!Папката е нешто што дефинитивно не е доволно популаризирано кај нас и ретко кој користи ваква папка во која ги става сите тестови, ливчиња, вежби од сите предмети во неа.Портокаловата тетратка ми е biggest love, затоа што во неа ги има сите можни дефиниции, за сите предмети и кога и да е можам да се потсетам во секое време.На крај маркерите, нешто без што не можам да функционирам, секоја реченица е во боја и тоа неверјатно ме мотивира да седнам и да учам.

Еве ја папката за која што ви пишав погоре.Се работи за папка купена од Office Plus, обична бела, а сребреното картонче на неа е купено од Џамбо.Поделена е на 12 дела, за да секој предмет си има свој дел.Многу корисно нешто, доколку редовно ја користите и не ја фрлите во некоја фиока да стои безвезе.

Еве за што кажав, кога мислев на тоа дека секоја реченица е во различна боја.

Атмосферата и просторот каде што учите се клучни за тоа колку брзо ќе научите.Голем перфекционист сум и ете како што гледате, ова е резултатот на тоа.


Кај и да е ќе се запишуваат првите оценки, учете и немојте сега да се откажувате!Првите оценки за најважни, исто како и првиот впечаток.Никогаш немојте да избегнувате некој предмет само заради наставникот/професорот или пак затоа што предметот не ве интересира, никогаш не знаете во каква ситуација ќе се најдете и можеби токму тогаш ќе ви користи знаењето.

1 comment:

  1. Your review is nice I was also looking for these kind of review. Nice detail share by you thanks you for this amazing article. I am also looking to make my blog http://guruofmovie.com better So that some one can also share detail of my blog on any other page.

    ReplyDelete