Monday, August 10, 2015

Zara inspired.

Денешниот аутфит е речиси целосно од Зара, мојата дефинитивно омилена продавница каде што би можела да бидам цел ден и би ги купила сите работи!Можеби година, година ипол одбивав да носам тегет, не знам ни јас од која причина, но откако имам темна коса, замена за црното ми е тегет и дефинитивно ми изгледа совршено се што е во таа боја.






Блуза:Zara
Кратки панталони:Zara
Патики:Converse
Ташна:H&M
Прстени:Bershka/Pull&Bear
Стегач за коса:Accessories

*Ако сакате да соработувате со мене контактирајте ме на:kikibalkanov@yahoo.com
*If you want to work with me contact me on:kikibalkanov@yahoo.com


Wednesday, August 5, 2015

Red Shirt.

Нешто што дефинитивно многу ми се допаѓа во последно време е како изгледа црвена кошула/блуза со сребрен накит.За денешниот пост имам токму таква комбинација во која се чувстувам прекрасно, па се надевам и на вас ќе ви се допадне.









Еспадрили:Stradivarius
Сукња:New Yorker

Кошула:Zara
Ланче:Bershka

Sunday, July 12, 2015

Make up and jewelry storage.

Во последните неколку дена решив малку да ги средам шминката и накитот и конечно сето тоа да изгледа баш како што јас сакам.Кога веќе сум готова со тоа, решив да ви покажам како изгледа и се надевам ќе ви се допадне:)
Ова е дефинитивно делот кој што најмногу ми се допаѓа.Пластичниве држачи за шминка се од Jysk и од Jumbo и се дефинитивно нешто што мислам дека многу добро изгледа, а и доста се практични.

Во држачите за кармини и лабела ги имам моите омилени лабела од Baby Lips и кармини кои што ги користам секојдневно.Освен тоа, тука се и виткачите за трепки, ножички,,

Најдоле ги имам сите маскари.Еден од омилените начини да имам подолги и повпечатливи трепки е кога користам повеќе маскари за различна намена.Најчесто се тоа се за волумен со арганово масло во неа, за густина и за виткање на трепките.

Потоа тука се и сјаевите за уста, кои искрено воопшто не ги сакам, ниту ги користам, па служат само кога треба да нашминкам некоја другарка.

Коректори и база за сенка.Нешто што дефинитивно би сакала да го правам е да користам коректор од проста причина што имам темни кругови околу очите кои се посебно изразени кога носам некоја повпечатлива сенка(?), но тоа не е случај.Едноставно се е до навика и кај и да е треба пробам да почнам да ги користам.., а базата за сенка е дел од мојата секојдневна шминка.

Тука се сите тушеви и моливчиња за очи кои искрено ги нема многу, од проста причина што не ги користам.Во последно време освен црното моливче за очи, користам и плаво и тоа е тоа.Тушот некако не е својствен за мене и мислам дека така и ќе остане..

Сите моливчиња, сенки и гелови за веѓи се овде и се речиси најважното нешто од шминка според мене.Тука се и вештачките трепки на Аура и тоа е тоа.

Четките за шминка кои исто така не се многу од проста причина што верувам дека на никој не му се потребни четки во изобилие кои нема да ги користи.Основните четки се доволни, а искрено дури ни тие не ги коритам баш секогаш, освен онаа за бронзер и руж.

Сите препарати за коса се во една кошница од Jumbo, заедно со фиксаторот за шминка.

Ова е како изгледа првата фиока...

Почнувајќи од десно во првата пластична кошничка ги имам сите креми за лице, за затварање на пори, прајмери и слично..

Во втората пластична кошничка се сите течни пудри, ББ креми.

Во третата кошничка се сите камени пудри и дефинитивно нешто што препорачувам на било кој безразлика дали има сува, масна или нормална кожа е да користи камена пудра, особено во лето.

Во третата кошничка ги имам сите бронзери и руменила и еден единствен хајлајтер од проста причина што до пред некое време бев убедена дека хајлајтерот е нешто што дефинитивно не е потребно да се користи, особено кога не е течен.

И за крај во четвртата кошничка ги имам сите палети за сенки и посебни сенки, реално нешто што ми е и повеќе од омилено.

Во втората фиока е накитот, заедно со лаковите за нокти.

Тука се сите работи кои се потребни за да имате убави нокти.Знаете дека јас цело време имам гелни нокти и токму поради тоа нема многу бои на лакови.

Тука се работите за коса(неколку ластичиња, шноли и трака за коса), сосем доволно, со оглед на тоа што сум во фаза кога косата ја носам пуштена или евентуално во репче, само со црно или сиво ластиче :D Заедно со сите мои алки, а кој ме знае дека јас не сум јас без барем 3,4 алки на левата рака.

Прстените, кои ми се голема слабост.

Ова се сите менѓуши/обетки.., не знам дали знаете имам 5 на десното уво и планирам да ставам уште 2 на левото и како што може да се примети-опсесија.

Ланчињата, заедно со некои алки, кои ни самата не знам зошто завршиле тука.


Омилениот дел од собата..


Тука се парфемите и дел од висечките ланчиња, заедно со слика од многу оддамна :)

*За моливчињата за уста планирам да направам посебен пост со рецензии за кои ми се омилени бидејќи дефинитивно ги има премногу.
:)<3


Sunday, May 3, 2015

Janurary/February/March/April Beauty Faves

Мај веќе започна , а веќе долго планирав да напишам еден пост за производите кои најчесто ги користам, па мислев да направам вака на 4 месеци, бидејќи има повеќе време за да се искористат повеќе производи.


Првата палета е на BellaOggi и има 60 различни нијанси сенки, 24 нијанси на кармини, хајлајтер, руж, бронзер и три четки.Што се однесува до сенките, слободно можам да кажам совршенство.Јас се шминкам најчесто со три нијанси, така да ова ми е повеќе од погодено.Пигментацијата и трајноста се повеќе од задоволителни.Кармините да бидам искрена ги немам пробано од проста причина што одамна не користам кармини.Колку тоа и да звучи чудно, веќе 2/3 месеца користам само Baby Lips лабело и било какво моливче за уста.Хајлајтер во прав како ова не користам бидејки ме потсеќа на брашнест изглед под очите, а тоа дефинитивно не го сакам, така да ни за него немам коментар.Ружот е океј, со оглед на тоа дека користам само бронзер,а руж исклучиво навечер, не ми е нешто проверен за да го коментирам многу.Четките како и речиси сите што одат во комплет со нешто друго, не ги употребувам.Втората палета е на Catrice(Absolute Rose).Боиве се прекрасни, би требало да ги има шест, но мене ми се скрши последната нијанса, инаку таа најтемната и најубавата од сите..:( Како дневна варијанта се супер, за навечер дефинитивно ништо посебно..најмногу ги купив поради нијансите и поради тоа што имам добро искуство со сенките на Catrice.Траат и не се ронат.Последната палета е на Deborah(Secret to the Smokey Eyes) со кафеави нијанси.Ги има и во други(розева, зелена, сина и виолетова..?), но мене ми требаа некои убави земјени тонови, чисто за преку ден, бидејќи веќе имам кажано дека за мене шминка не е шминка без сенка, па овие сенки ми се одлични само поради тоа.Нешто што ме изненади е дека доста траат, а пигментацијата како и обично е подпросечно задоволителна. 

Уште овие четири бои кои ги користам исклучиво навечер.Како што се гледа на сликата долу, доста пигментирани, не се ронат, траат.. повеќе од задоволна!


Стигнавме до кремите за лице со кои јас сум дефинитивно опседната во последно време.Првата е на Clinique и е за затварање на проширени пори, нешто со што јас си имам проблем веќе 3 години и би дала се за да го решам проблемот.Главно го користам пред да нанесам било каква пудра на лицето, веднаш после базата.Сега за сега има резултати на образите и малку на носот.Втората е на Alverde, крема против црвенило.Сум кажала повеќе пати дека имам проблеми со црвенило на носот и под очите.Кремава е зелена и да се разбереме ако не ја втриете добро т.е. ако не ја нанесете како што треба нема да има никакво дејство и вие ќе изгледате како марсовец.Но знаете дека црвената и зелената боја се комплементарни, па така оваа крема доста го ублажува, па дури и намалува црвенилото.Лајк за неа.Третава ја купив од Sephora во Солум пред месец дена или повеќе.Знам дека стално читав за неа и мислам дека ви е јасно за што се работи-ги намалува проширените пори.Бојата и е некоја пудереста нежна и ја ставам после таа на Clinique и сега за сега не можам да се жалам.Четвртата е на Garnier, 5seconds Pore Perfector..да биде јасно називот за кремава е многу погрешен..ниту дава оптичка илузија дека немате проширени пори, ниту за пет секунди изгледате совршено добро.. едноставно јас ја користам како база и за тоа ми е совршена.. ми го изедначува тенот и ги прави порите помалку видливи.Петтото е всушност серум на Clinique за подочници.. долго време барав нешто што знаев дека ќе ме утеши и ова е дефинитивно серумот на годината.Последната е на L'oreal, всушност база за пудра и слично.Ја користам пред да ставам било што на мене, измешана со хидратантна крема и сум сигурна дека лицето ќе ми биде повеќе од благодарно за тоа еден ден :)

Ова се пудрите што најчесто ги користев и за кои сум ептен среќна што ги имам.Првата е на L'oreal Mat Magique во нијанса 4.Пудрата е сунѓереста и кога ја нанесувате воопшто не е тешка, што е огромен плус за неа.Не ја користам секој ден, само повремено, но трае долго и изгледа природно, што се однесува до покривноста-ништо посебно.Втората пудра е на Clinique и со сигурност нешто најдобро што го имам ставено на лицево во последно време.Покривноста е супер(пеѓите воопшто не се познаваат), ги прави порите помалку видливи што не е случај со другите пудри, трае цел ден и има СПФ фактор што мислам дека е многу важно.Дефинитивно планирам и специјален пост со рецензија за пудрава.Третата е на Sephora, на самата пудра си пишува дека е мала покривноста и така и е, трае доста добро и нешто што посебно ми се свиѓа е дека не и е потребна камена пудра огозгора за да трае цел ден.Во секој случај совршена за преку ден.

Бронзерот на Lancome е совршенство, па дури и тоа е мал збор за да се опише колку е прекрасен.Светкав е(и се чудев дали воопшто ќе го користам), но изгледа толку природно и ненападно што е дури и неверојатно.Бронзерот на Catrice, пак, е секојдневен и му дава прекрасен природен изглед на лицето, нешто што тешко со кој бронзер се постигнува.Не е портокалов, што е голем плус за него, туку е кафеав-токму таков како што треба да биде.Камената пудра на Catrice е единствената која моментално му одговара на моето лице.Ептен ми е проблематично периодов(имам мрсно лице, но носот ми се лупи, ваљда не е доволно хидратиран), има зелен дел(за црвенило), црвен што искрено не знам за што служи и обичниот.Нијансава е посветла од мојата кожа, но ми одговара.Последното е коректор, не го користам секој ден од проста причина што ми е премногу, но го користам навечер како хајлајтер и за Aura е просто неверојатен.

Aura, пудрата во прав што го матира лицето, секако не е за секој ден, но за навечер е супер.Бела е и на прв поглед делува брашнасто, но кога ќе се научи како треба да се употребува е повеќе од практична.Четката на Aura којашто не знам за што е точно наменета, но јас ја користам за бронзер ми е омиленото откритие за април.Со неа бронзерот се нанесува природно и рамномерно.Плус огромен за неа.

Маскарава на Lancome е најдоброто нешто што можете да им го овозможите на вашите трепки.Јас лично обожавам трепки кои се долги и не изгледаат природно, темни се и густи, со многу волумен, а оваа маскара тоа и го прави на моите.Чуден е обликот на самата четка, но веројатно во тоа е и финтата зошто е толку неверојатна, а за пакувањето не правам ни муабет какво е...



Првото е на Keune, серум за коса.Прекрасен е и вреди за сите пари.Јас го ставам на сува коса, пред пеглање и делува воодушевувачки.Косата не е разлетана, сеуште има волумен и преубаво мириса.Второто е масло за коса на Schwarzkopf го користам на мокра коса, заедно со уште неколку глупости и сега за сега ми е лек за мрсната коса, со суви врвови.

Спреј за поправање на шминка од Aura.Првично не ми се допаѓаше, бидејќи имав чувство дека ми е нешто залепено на лицево, ама после тоа сфатив дека треба да го протресам пред да го употребам и сега го користам секој ден.Не знам што сум правела без него..., и последното е крем за лице за затварање пори на Dior.Ваквите работи тешко кога функционираат, ама за едно чудо ова е едно од најефективните работи кои сум ги пробала до сега..:)

Tuesday, April 21, 2015

Вештачки нокти.


Денешниов пост е малку поинаков и остава простор за дискусија.Се работи за вештачки нокти..
Знам, знам дека многу од вас не ги сакаат, ама не има и нас кои што едноставно не можеме без нив.Постојат доста небулози, а и доста работи кои се точни кога се работи за вештачките нокти.Па да почнеме:


1.Дали вештачките нокти да ги ставате сами дома или во козметички салон?
-Дефинитивно во козметички салон, пред се се работи за хигиената, а и вештачките нокти што ќе си ги ставите сами дома најверојатно ќе траат 2/3 дена и ќе почнат самите да паѓаат, бидејќи сите знаеме колку се квалитетни лепаците за нокти во Џамбо, ДМ или како и да е.
2.Типсови или наливни?
-Тука мислењето е поделено.Ги има многу кои претпочитаат типсови, но јас сум дефинитивно за наливни.Типсовите барем мене многу побрзо ми се кршат и повеќе ме боли кога се печат, што секако не мора да биде случај за сите.
3.Која форма најмалку се крши?
-Да се разбереме знам дека повеќето од нас си ги сакаме квадратните нокти, но дефинитивно шпицот се оние кои многу помалку се кршат, а јас која ги кршам за рекордно брзо време, ми траат веќе 3 недели.
4.За колку време треба да ги смените/одите на корекција?
-Јас би препорачала 3 недели, бидејќи лично бев таа што одеше на секои 2 недели и од тоа нема никоја корист освен фрлени пари на малку подраснати нокти, што секако е безсмислено.
5.Дали кога ќе ги извадите вештачките нокти, вашите ќе бидат оштетени?
-Да, секако дека ќе бидат оштетени, но ни приближно како што се претставува тоа...ниту ќе ви паднат вашите нокти, ниту никогаш повеќе нема да се вратат како порано, туку едноставно ќе бидат потенки и тоа е тоа.
6.Колку време треба за да се "одмори" ноктот од вештачките нокти?
-Не, ноктот нема да го одморите благодарение на тоа што не сте ставиле нови 1 недела, туку треба да почекате минимум 3 месеци, за да израсне целосно нов нокт, колку тоа и да звучи обесхрабрувачки.


Доколу се одлучивте за вештачки нокти, а сеуште се двоумите какви да ставате, еве неколку идеи.









White long nails