Thursday, October 9, 2014

Young derm.

Денешниот пост е за македонскиот козметички бренд Young Derm.Не сум сигурна дали може да се купат во други држави, ама како и да е, нивните производи ги има секаде низ Македонија, значи лесно се достапни, а и ефтини.
Today's post is for the macedonian brand for cosmetics Young Derm.I am not sure if you can buy their products somewhere in the other countries, but the Young Derm products are everywhere in Macedonia, so they are easy to find and they are very cheap.



Млеко за тело за нормална до сува кожа.Значи прво, млекото воопшто не одговара за некој со сува кожа.Не се размачкува лесно, мене ми е премногу ретко, ама убаво ми мириса.Во секој случај го користам само понекогаш за раце и тоа е тоа.

Лосион за лице.Лосионов, не само што не личи на лосион и ја нема таа текстура како што треба, туку и има некој чуден мирис на алкохол.Го користам за да ги чистам менѓушите, што знам дека никој не го прави, верувајте делува, затоа што за друго баш и не е добар.

Подлога за шминка во две нијанси.Од ова сум задоволна.Е сега, прво ја користев 6, а сега моментално нијанса 5.Некако 6 ми удира на цигла боја моментално и не ми е погодена, па 5 ми е совршена, иако е светла за мојава кожа.Во секој случај лесно се размачкува и доста трае.

Крем за мрсна кожа.Првиот, значи со натписот во љиљаково, лично мене ми е подобар од зелениот.Не ги користам секојдневно, а доста се добри.Што се однесува до вториот со зелениот натпис, кога ќе се впие, некако како кожата да се затегнува, па мислам дека би бил добар за некој со екстремно мрсна кожа и акни.

*Тоникот го немам сликано посебно, ама го има горе на сликата.Тоникот е големото шишенце со портокалов натпис.Во животов не сум имала друг тоник освен овој на Young Derm и еден на Nivea.Може е малку неверојатно, ама мене повеќе ми е погоден нашиот тоник.Едно големо да за него.




2 comments:

  1. Млекото за тело се размачкува доста лесно и е идеално за сува кожа. Можеби нешто не е во ред со твоте пакување затоа што сите што до сега ги имам пробано биле одлични.

    Втора работа останатиот дел од колекцијата е наменет за мрсна кожа освен тоникот кој е наменет за нормална кожа. Лосионот е за мрсна кожа и поради тоа МОРА да содржи алкохол, што впрочем и пишува на самото пакување за разлика од тоникот на кој пишува дека нема алкохол. Алкохолот суши и затоа е добар за мрсна проблематична кожа.

    Зелената крема се нанесува на цело лице за во иднина да не се појават акни, за разлика од виолетовата која се нанесува само на конкретното место - акна, бубуличка со цел да ја исуши.

    Не е убаво да си играш со било кои производи за кожа пред да се информираш кој тип ти прилега и каква кожа имаш. Ќе си направиш проблеми.
    Во иднина најдобронамерно попрофесионално изразувај се кога правиш review на производи. Не влегуваш доволно во детали.

    ReplyDelete