Денешниов пост не се работи за шминка или козметика, ама јас сакам да читам вакви постови и се надевам дека ќе ви биде интересно и нема потреба да ги преведувам прашањата:)
1. Which is your favourite high end beauty brand, and which is your favourite low end beauty brand?
Омилен бренд што се однесува до високата мода ми е дефинитивно Шанел, ептен ми се свиѓа секоја нивна колекција, а и Карл Лагерфелд е неповторлив.Ма да морам да напоменам дека освен нивен кармин што воопшто не спаѓа во мода, не поседувам било што нивно, па не би била компатибилна да коментирам нешто подетално, но прашањето е такво, па ќе се задржам на тоа дека едноставно колекциите им се неверојатни.Што се однесува до секојдневната мода мислам дека сите знаете, Зара и нема што повеќе да се каже..:')
2. How would you describe your style?
Сакам да комбинирам basic парчиња со оригинални додатоци.
3. What were you doing 3 hours ago?
Бидејќи постов го пишувам сега, значи во недела, а не понеделник кога вие го читате постов ќе одговорам за денес-бевме со друштво кај другарка #I
4. What is your greatest achievement so far?
Прашањево малку ќе го преформулирам, заради тоа што не би сакала да пишувам за образование и слично.Најдоброто нешто што сум го направила и го правам сама за себе со сигурност е трудот и посветеноста кои ги вложувам во се што ми значи и никогаш, ама буквално никогаш не би дозволила да зависам од нечија помош или расположение.
5. Where would you most like to travel to in the world?
Можеби ќе ви звучи чудно и ќе ви изгледа малце нереално, ама Загреб.Тој град ми има неверојатна енергија и сметам дека токму таму би била најсреќна, исполнета и своја во вистинска смисла на зборот.
6. What do you like most about blogging?
Знам јас кога едвај чекам да прочитам нов пост на сите наши блогерки и тоа е она што најмногу ми се допаѓа.Знаете, онаа љубопитност која ја има во секој од нас да знаеме барем дел од нечие секојдневие.., но и познанствата со другите блогерки, а пред се тоа што сум среќна доколку барем на еден од вас што го чита блогов нешто му помогнало или направило да се чувствува поубаво.
7. What is your favourite perfume?
Givenchy-Very Irresistible & Zara Rose.За вториов ќе кажам дека можам да користам секој ден затоа што веќе 5 години поминаа од како го купив првото шишенце и сум го користела во едни од најубавите моменти во мојот живот, на кои секогаш ќе се сеќавам и навраќам.
8. What was/is your favourite subject in school?
Македонски и географија.
9. Who is your number one role model in life?
Ќе ставам една quote на англиски само затоа што на англиски подобро се доловува значењето!
The women whom I love and admire for their strength and grace did not get that way because shit worked out. They got that way because shit went wrong, and they handled it. They handled it in a thousand different ways on a thousand different days, but they handled it. Those women are my superheroes.#K
10. What is your favourite recipe or meal?
Обожавам макарони зготвени на било каков начин.
11. What items would you most like to receive as a gift?
Благодарна и среќна сум за се што имам и би звучело премногу скромно да кажам дека најголемиот подарок ми се оние мејлови кои ги добивам од преслатки девојчиња, ама тоа е подарок за кој сум најизненадена и најсреќна што го добивам од време на време и фала ви многу!:)
Блогерки кои ги избирам за да ги одговорат истите прашања се:
1.Marija Stojkovska http://www.fabulousisfreedom.com/
2.Azize Demishi http://rosee96.blogspot.mk/
3.Stefani Corleone http://corleonka.blogspot.mk/
И би ви препорачала да го погледнето блогот на Мелиса: http://melissajanelee.com/ прекрасна и позитивна девојка:)
For business inquiries:kikibalkanov@yahoo.com
No comments:
Post a Comment