Сакам прво да кажам дека најверојатно неделно ќе одиме со 3 поста, значи 1 аутфит и 2 за козметика и слично.Може да се случи и неделно да постирам само 2 поста или 1 зависи од слободното време.
Па да почнеме...
Мислам дека насловот кажува се.Се работи за топ 5 производи купени од дрогерии.Во овој случај тоа се DM & Cosmo.
Па да почнеме...
Мислам дека насловот кажува се.Се работи за топ 5 производи купени од дрогерии.Во овој случај тоа се DM & Cosmo.
1.Пилинг за лице.
2.Лосион за тело.
3.Мицеларна вода за отстранување шминка.
4.Масло за сува кожа.
5.Путер за тело.
Овој пилинг за лице на Neutrogena е за елиминирање на митисерите.Го користам кога ќе станам и на чисто лице пред спиење.Предобар производ, совршено ја врши својата функција, но сепак резултатите не ги очекувајте по првиот ден, мене ми беа потребни 2 недели за да забележам некоја разлика и митисерите на некој начин да ги снема.
Масло за тело на Afrodita од јојоба за сува кожа.Мојата кожа е премногу сува и често се лупи.Пробав најразлични производи и ниеден не беше добар.Ова го нанесувам пред спиење секоја вечер и трае веќе 2-3 недели.Имам чувство како да не се троши.
Balea лосион за тело од колекцијата на Mango Bambo.Не знам дали сеуште го има, бидејќи е limited edition и е купен некаде крај на јули.Го користам после туширање, преубаво мириса и брзо се впива.
Мицеларната вода за отстранување на шминка од Garnier е едноставно с о в р ш е н с т в о.Отстранувањето на шминка никогаш не било полесно.Буквално со еден потег имам чисто лице, а и нема потреба за измивање.Ова последното со измивањето не го практикувам, значи како што напоменав го користам пилингот за лице, па секако го мијам лицето, по што нанесувам крем.
Путерот за тело на Балеа.Да, наменет е за тело, а јас го користам за стапала.Има посебни путери за стапала, но сепак овој мене ми е супер.Лесно се впива и наредниот ден кога ќе се разбудам стапалата ми се негувани и прилично добро изгледаат, за промена.
a od kade e kupen pilingot za lice? :))
ReplyDeleteGo zemav od DM, ama mislam deka go ima i niz pogolemive marketi kaj shto se prodavaat proizvodi na Neutrogena
Delete