Ова се сите Baby lips што ги имам.Во Македонија го има и жолтиот, но видов дека има вкус на мед, а мене тоа воопшто не ми се допаѓа.
Овој Baby lips го купив прв, затоа што само тој беше останат во DM.Остава некоја чудна боја, слична на кожата и остава благ сјај на устата.Доста долго трае и добар е за 129 денари.
Овој Baby lips со мента го земав на некоја промоција за 99 денари.Го купив некаде околу 10 септември, па мислам дека веќе не се на промоција.Добар е, само што кога ќе го ставам после доста долго време го осеќам на устата, што е еден голем минус за мене.
Од ова очекував многу повеќе.На почетокот ми беше добар, но со текот на времето почна да остава некоја неодредена боја и сјај на устата, што мене воопшто не ми се допаѓаат.Во секој случај добар е да се стави над некој розев кармин, да даде сјај, ама самостојно да се користи не.
Дефинитивно најдобар!Го користам цело време, стално ми е на устата како подлога или го ставам врз некој друг кармин.Го препорачувам на сите, дефинитивно вреди за 129 денари.
И овој е прекрасен.Остава убава, нежна розева боја што трае.Секој што се двоуми за некој од Baby lips што остава боја, дефинитивно да го одбере овој.
И за крај, фаворитите од шминка за оваа недела!
Се надевам уживавте!
Thank you for your love :)
ReplyDeleteI also have Baby lips and love them.
Many kisses!
http://virginiaferreira91.blogspot.pt/
Thanks!<3
Deletejas go imam lilakovoto labelo - se mislam koe da go zemam naredno :)
ReplyDeletemislam plavoto, ako sakash bezbojno shto ima dobra hidratacija ili rozevoto so zholti bukvi.. neznam mene ovie mi se omileni :))))
Delete