Кога излегувам од дома сакам да бидам средена и нашминкана од проста причина што така се чувствувам поубаво и сметам дека секој треба да го прави или носи она што го прави среќен, безразлика дали тоа е шминкањето, некое парче облека, кондури и слично.
Организацијата ми е многу важна, па така шминката што ја користам секојдневно ја чувам во оваа еден вид пластична кутија што ја купив од Jysk.
Прво нанесувам подлога за шминка од Young Derm.Знам дека кај многу од вас нема разлика дали имате подлога или не и кај мене немаше некоја посебна разлика на почетокот, но потоа сфатив дека всушност шминката повеќе трае, ако имате нанесено подлога.Оваа е со доста пристапна цена и квалитет.
Пудра или ББ крема?Јас би рекла ББ крема од проста причина што ја остава кожата да дише и не ги затвара порите.Мојава комбинирана кожа е доста комплицирана па долго време неможев да најдам нешто што совршено ќе ми одговара, а оваа ББ крема на Гарниер е нешто приближно до тоа.На почетокот кога ја купив не бев многу задоволна затоа што ми ја мрсеше кожата, а сега веќе две недели ја користам и сум доста задоволна.
Ова е пудрата која е замена за ББ кремата и која не ја користам секој ден, но сепак би ја препорачала на некој кој сака да прекрие црвенило и пеги.Доста е лесна и изгледа како воопшто да немате ставено ништо на вашето лице.
Пудрата на Catrice што ја купив пред некој ден по препорака на другарка и навистина не се покајав.Совршена за оние со комбинирана до мрсна кожа.
*Сликата е од интернет затоа што мојата пудра е скршена.
Коректорот на Essence е добар за оние кои немаат проблем со акни, но сепак има денови кога имате нешто на лицето и морате да го истискате, нели?Да, имам и јас такви денови, а за нив најдобро решение ми беше овој коректор.Не го препорачувам на оние кои сакаат да прекриваат подочници, затоа што ми се чини дека ги прави повеќе видливи одколку што ги прикрива.
Руж не користам баш секој ден, но деновите кога користам, тоа е овој на Аура кој што ми дава природен секојдневен изглед.
Овој производ на KIKO е всушност руж, но јас го користам како еден вид на бронзер, затоа што е премногу темен за мојата кожа.Кремав е, во вид на стик и мислам дека може да се приспособи на сечија кожа.
Кога се на ред очите ги користам овие сенки кои ги добив за подарок и немам ни идеја која марка се, затоа што единствено што пишува е Paris, Citygirls и не знам каде можете да ги најдете.Боите не неутрални, секојдневни, лесни и неупадливи, но сепак им даваат убав изглед на очите.
Еве како изгледаат внатре.Јас ја користам 2 нијанса на целиот очен капак, 3 нијанса и 4 на крајот од очниот капак.
Ова моливче на She е всушност сенка за очи, која што понекогаш ја користам наместо 3 и 4 нијанса од палетата, затоа што дава уште поприроден изглед.
Туш за очи користам поприлично често, да речеме 6 од 7 дена во неделата.Сакам кога очите ми се истакнати и бидејки имам темни очи, многу убаво изгледа црниот туш на нив.Лично неможам да се нашминкам и да нацртам убава линија со туш во форма на фломастерче, па конечно го најдов решението.
Кога ставам туш, не ми е потребна маскара, но сепак сакам да ставам и од неа малку и изборот е оваа од Essence.Ја купив заради интересното пакување :), но сепак и самата маскара добро си ја врши функцијата.
Веѓите се многу важен дел од лицето и можат да го сменат целосниот изглед.На сликата ги има сенките за веги од Essence и гелот.Мислам дека е сосема јасно дека сум многу задовлна со оглед на тоа што се скоро потрошени.
За устата ги користам најдобрите лабела што ги има моментално во Македонија, а тоа се Baby lips, Maybeline.Овие две бои се совршени и прекрасно изгледаат, а устата е мека и свиленкаста.
За шминкање ги користам четките подоле.
1.Четка за ББ крема.
2.Четка за сенки за очи.
3.Четка за камена пудра.
4.Четка за руж.
*Производите што ги користам јас, не ги наметнувам на никого, истото се однесува и на начинот на шминкање.Ова е само дел од мојата дневна рутина за шминка која што сакам да ја споделам со вас.
1.Young Derm, подлога за шминка за комбинирана и мрсна кожа со екстракт од камилица, природен УВ фактор и дерматолошки тестиран.Нијанса 6.
2.Garnier BB cream, Miracle Skin Perfector.Daily ALL-IN-ONE B.B. CRЕAM.Medium.
3.Clinique even better.Makeup SPF 15, evens and corrects.
4.Catrice cosmetics.ALL MATT plus.Shine control powder.Mattifying,longlasting,ultrasilky.Нијанса Warm beige 030.
5.Essence coverstick 06 MATT IVORY.
6.Glorious CHEEKS Aura,Powder Blush.
7.KIKO,Make up Milano.Velvet, Stick blush.
8.Teo Tarras, Paris, City girls.
9.All in one Jumbo pen SHE.Нијанса 003.
10.Dip eyeliner SHE. Нијанса 001 Black.
11.Essence.The Lash Curler.Volume and Curl Mascara.
12.Essence сенки за веѓи.
13.Essence гел за веѓи.
14.Maybeline Baby lips, Cherry me & Peach kiss.
15.Четките се на Aura & Essence.
Фала многу :*
ReplyDeletečine se kao dobri proizvodi, voljela bi probati taj she tuš za oči.
ReplyDeleteStvarno e mnogu dobar, probaj go, veruvam deka nema da se razocharash:)
DeleteLIke za baby lips definitivno se najdobri
ReplyDeletehttp://corleonka.blogspot.com/
fala, taka e:)
Delete