Денешниот пост е малку поразличен од другите, т.е. не се работи за класичен пост со аутфит, ниту со шминка, но сметам дека е доста корисен за оние кои сеуште се ученици било во основно или средно:)
Ова е ранецот кој планирам да го носам од септември, Зара е и е дефинитивно доста лесен за комбинирање.Изгледа доста мал, ама го пробав и во него собира се, зачудувачки.., но не е за некој кој има проблеми со грбот или сака нешто со што масата би се распоредила на двете рамења и можеби тоа му е единствената замерка што ја добива од моја страна.
Имаме и пластични фасцикли/папки, како и да е.Ги имам 12, за секој предмет по една.Сите нив ги ставам во црната папка, што може да ја видите на првата слика и се што ми треба или ми останува од било кој предмет го ставам во секоја од нив, организирано е и изгледа супер.
Веќе кога сме кај картичките за учење, за мене се спас кога учам било кој предмет каде што има доста за учење на памет и нема нешто поефективно од ова!
За пишување обожавам пенкала.Моливи воопшто не користам, ама морам да имам тенкоминци за цртање или за вежбање математика, физика:/..Маркерите се обавезни и не можам да функционирам без нив!Во мојата тетратка/книга секоја реченица е шарена :') И коректорот за што мислам нема многу да се објаснува/
Тука се и овие преслатки налепници за книги или тетратки, заедно со стикерчињата и гумата за бришење што е must have за секој!
Оваа година сакав да имам прибор кој е едноставен и нема да зафаќа многу место и изборот падна на овој од Staedtler:)
И за крај тетратките.., веќе неколку години користам тетратки кои се за повеќе предмети од проста причина што ми е попрактично и пофункционално.Првата е за 7 предмети, а втората за 5 и барем сум сигурна дека нема шанси да ја заборавам тетратката по било кој предмет дома..
*Сите работи се купени од Jumbo, Office Plus & Staedtler
*Се надевам дека ви дадов барем некоја идеја што се однесува до оваа тема:)
А сега мал дел од мојот аутфит:

Сукња:New Yorker
Crop top:Pull&Bear
Ташна:H&M
Наочари:D&G