Tuesday, October 28, 2014

Studying tips.

Денешниот пост се однесува на учењето!Многу од вас, правите грешка во тоа како учите.Не може да се научи темелно и знаењето да остане трајно, доколку не сте доволно сконцентрирани на тоа.Јас самата ги правев истите грешки, се до моментот кога не сфатив на кој начин јас најлесно учам.Најдобро е да си најдете некоја просторија во која постојано ќе учите, на пример вашата соба и да учите во исто време.Ако сте одлучиле дека ќе учите во 16:00,а веќе е 16:01 и вие решавате да почнете во 17:00, ќе немате никаков ефект.Треба да учите редовно и колку и да звучи тоа клише, учете редовно!Сум пробала да учам и само пред тест, ама разликата е неверојатна.Да не должам многу, следат неколку примери и совети за тоа како најбрзо, најлесно и најбезболно да добиете добри оценки.

Ова се всушност сите материјали кои ви се потребни за учење, се разбира плус книгата.Зелената тетратка е за 5 предмети и ја обожавам.Знам дека во вторник или среда ќе имам тетратка за сите часови и нема да треба да мислам дали нешто сум заборавила.Супер е за организација и не завзема простор.Приборот е од Џамбо и барав ваков неколку години, буквално!Папката е нешто што дефинитивно не е доволно популаризирано кај нас и ретко кој користи ваква папка во која ги става сите тестови, ливчиња, вежби од сите предмети во неа.Портокаловата тетратка ми е biggest love, затоа што во неа ги има сите можни дефиниции, за сите предмети и кога и да е можам да се потсетам во секое време.На крај маркерите, нешто без што не можам да функционирам, секоја реченица е во боја и тоа неверјатно ме мотивира да седнам и да учам.

Еве ја папката за која што ви пишав погоре.Се работи за папка купена од Office Plus, обична бела, а сребреното картонче на неа е купено од Џамбо.Поделена е на 12 дела, за да секој предмет си има свој дел.Многу корисно нешто, доколку редовно ја користите и не ја фрлите во некоја фиока да стои безвезе.

Еве за што кажав, кога мислев на тоа дека секоја реченица е во различна боја.

Атмосферата и просторот каде што учите се клучни за тоа колку брзо ќе научите.Голем перфекционист сум и ете како што гледате, ова е резултатот на тоа.


Кај и да е ќе се запишуваат првите оценки, учете и немојте сега да се откажувате!Првите оценки за најважни, исто како и првиот впечаток.Никогаш немојте да избегнувате некој предмет само заради наставникот/професорот или пак затоа што предметот не ве интересира, никогаш не знаете во каква ситуација ќе се најдете и можеби токму тогаш ќе ви користи знаењето.

Saturday, October 18, 2014

Favorites.

Ме немаше долго време, но денешниот пост е доста интересен и еден од моите омилени.Се работи за фаворити од различни категории.Шминка, лакови, накит...

Long time no see guys, but today's post is very interesting and I honestly enjoy reading posts like this one.It is about favorites from different categories.Makeup, nail polishes, jewerly...


Кога се работи за лакови за нокти, можам слободно да кажам дека сум го нашла совршенството!O P I!Омилени ми се потемните бои, долго траат, не се лупат и имаат преубава текстура!Едно големо ДА за нив!

When we are talking about nail polishes, I can say I have find the perfection!O P I!I adore the darker colors, they last longer than the other polishes and have perfect texture!Big YES for them!


Во последно време не можев да си најдам сенки какви што сакав.По препорака на другарка изборот падна на оваа Catrice палета и секако не згрешив, предобра е, нежни нијанси, совшени за преку ден.Што се однесува до туш за очи.Користам и барам интензивни црни нијанси.Тушот на She ми беше добар пола година уназад, се додека не сфатив дека бојата не е интензивна и не трае долго време.Случајно го видов овој туш на Aura и од моментот кога го купив, сум опседната со него.Кога се работи за веѓите, сакам пред се да бидат убаво обликувани.Долго време ги користев сенките за веѓи на Essence, се додека не останав со 200 денари во новчаник и не решив дека морам на нешто да ги потрошам.Се одлучив за моливчето за веѓи на Catrice во потемната нијанса и секако не сум згрешила.Долго време барав четка за ставање руж и не најдов таква каква што барав.Затоа ја земав оваа на Aura, која е всушност за контурирање, но ефектот и целта и те како се постигнати.И на крај двете карминчиња, едното на Gosh, другото на Deborah.Првото е на Gosh и го носам цело време со мене, ја обожавам бојата и дефинитивно треба да се подновам со уште едно такво во скоро време.Второто на Deborah е дефинитивно совршената црвена боја.

I could not find eye shadows as I wanted to find.My friend suggested me to buy this Catrice palette and of course she was right, it's the best palette I have ever had, perfect for everyday.Eyeliners...I use and always search for intense black shades.The She eyeliner was good for me for months until the moment when I found out that the colour is not as intense as I like and it is not lasting enough.I saw this Aura eyeliner by accident and from the moment I bought it, I am literally obsessed.I adore brows with perfect shape, which is not possible when they are left naturally.So, I was using the Essence brow shadows, until I was left with 200 denars in my purse and I decided I have to buy something.I bought this Catrice brow pencil in the darker shade and I was not wrong.I was looking for the perfect blush brush forever and did not find one.I took this one from Aura, which is actually contour brush, but the effect and the purpose is completed perfectly.And in the end the two lipsticks.The first one is Gosh, I adore the colour and definitely have to buy another one soon.The second one is Deborah and it's the perfect red colour. 


Јас сум една од оние што буквално се врзуваат за одредени парфеми и нема шанси да ги сменат со месеци, ако не и години.Првиот е на Paris Hilton и го користам некаде пола година, ама нема шанси да ми стане досаден, ниту пак да се потроши во скоро време.Вториот е на KIKO, инаку мојот омилен италијански козметички бренд.Парфемот е купен летото 2012 и од тогаш ми е омилен, не го менувам за ништо!Третиот е исто на KIKO, има некоја пудераст и тежок мирис и остава светки, а јас ги преферирам оние со лесни пролетни мириси и секако без светки, ама овој парфем ме натера да го сменам мислењето и сега го обожавам!Четвртиот е на Escada и го добив како подарок пред некој месец.Го користев цело лето, секој ден и сеуште ми е еден од омилените!

I am person who is attached to some perfumes and there is no way for me to change it for months, even years.The first one is Paris Hilton's, I am using it for 6 months and it's still perfect for me.The second one is KIKO, my favorite Italian brand.I bought it in summer 2012 and since than it's the best one I have, so I can't change it for anything!The third one is also KIKO's one, it has some sparkles and the scent is very hard, but I like it a lot!The fourth is Escada, I got it as a gift some months ago!I have used it every day through the summer and I like it! 



Ова е накитот што не го вадам од мене, некако ми се чини дека одговараат со секоја комбинација, зарем не?

This is the jewelry that I wear all the time, I think it looks awesome with every singe outfit, am I right?


Омилената марама, ја знаете веќе, нешто што го обожавам!И секако наочарите што не ги вадам!

My favorite scarf, you already have seen it, something I absolutely adore!And of course the sun glasses I don't take off!


И за крај омилените штикли!Летово буквално во нив го поминав и да не е ладно и сега би ги носела, преудобни се и предобро стојат на нога.

And the favorite high heels!I spent the summer wearing them and if it was not cold I would wear them even now, they are very comfortable and look perfect.




Thursday, October 9, 2014

Young derm.

Денешниот пост е за македонскиот козметички бренд Young Derm.Не сум сигурна дали може да се купат во други држави, ама како и да е, нивните производи ги има секаде низ Македонија, значи лесно се достапни, а и ефтини.
Today's post is for the macedonian brand for cosmetics Young Derm.I am not sure if you can buy their products somewhere in the other countries, but the Young Derm products are everywhere in Macedonia, so they are easy to find and they are very cheap.



Млеко за тело за нормална до сува кожа.Значи прво, млекото воопшто не одговара за некој со сува кожа.Не се размачкува лесно, мене ми е премногу ретко, ама убаво ми мириса.Во секој случај го користам само понекогаш за раце и тоа е тоа.

Лосион за лице.Лосионов, не само што не личи на лосион и ја нема таа текстура како што треба, туку и има некој чуден мирис на алкохол.Го користам за да ги чистам менѓушите, што знам дека никој не го прави, верувајте делува, затоа што за друго баш и не е добар.

Подлога за шминка во две нијанси.Од ова сум задоволна.Е сега, прво ја користев 6, а сега моментално нијанса 5.Некако 6 ми удира на цигла боја моментално и не ми е погодена, па 5 ми е совршена, иако е светла за мојава кожа.Во секој случај лесно се размачкува и доста трае.

Крем за мрсна кожа.Првиот, значи со натписот во љиљаково, лично мене ми е подобар од зелениот.Не ги користам секојдневно, а доста се добри.Што се однесува до вториот со зелениот натпис, кога ќе се впие, некако како кожата да се затегнува, па мислам дека би бил добар за некој со екстремно мрсна кожа и акни.

*Тоникот го немам сликано посебно, ама го има горе на сликата.Тоникот е големото шишенце со портокалов натпис.Во животов не сум имала друг тоник освен овој на Young Derm и еден на Nivea.Може е малку неверојатно, ама мене повеќе ми е погоден нашиот тоник.Едно големо да за него.




Saturday, October 4, 2014

Saturday!

Ги обожавам саботните прошетки во есен!Едноставно, нема ништо поубаво од тоа.Денес беше малку потопло, но сепак се решив да облечам и јакна, а одвај чекав и да залади за да си ги носам моите омилени тимберлендки :) 
I adore the Saturday walks in autumn.There isn't anything more beautiful and relaxing.Today it was a bit warmer, but I decided to wear leather jacket, and of course I was so excited because autumn has arrived and now I can wear my favorite timberland boots :)